Експлозија на гасовод во Ирак, три лица загинаа, 50 повредени

33

Најмалку три лица, вклучително и две деца, загинаа, а над 50 се повредени во експлозија на гасовод во јужен Ирак, соопштија денеска полициски извори.

Медиумите известуваат дека меѓу повредените има и девет борци на шиитската милиција.

Во соопштението на армијата се вели дека не е позната причината за експлозијата.

Полициски извори соопштија дека експлозијата, во близина на јужниот град Самава, на 270 километри јужно од Багдад, се случила на дел од цевковод што минува покрај милициски камп.

Пожарникарите успеаја да го стават под контрола пожарот откако гасоводот беше исклучен, соопшти полицијата.

Започната е истрага за утврдување на причините за експлозијата, изјави заменик-министерот за нафта Хамид Јонис.

Извор:МИА