Експерите најавуваат тешка сезона на грип:Со овие намирници гарантирано ќе ве одмине

96

Повеќе од какви било непријатности, грипот, кога е комплициран, може да биде опасен по живот.

Особено е важно да направите се што можете за да го одржите вашиот имунолошки систем. Здравата исхрана и начинот на живот играат голема улога во одржувањето на имунитетот – хранливите материи како што се железото, цинкот и селенот и растителните флавоноиди се неопходни за силен имунолошки систем.

Овие четири работи во вашата исхрана можат да помогнат во зајакнувањето на вашата одбрана:

Чај

Чајот е еден од најбогатите извори на антиоксидантни флавоноиди кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Една студија покажа дека некои соединенија на чај му помагаат на имунолошкиот систем да ја победи инвазијата на бактерии, вируси и габи. Изберете црн, зелен или „Vu long“ бидејќи тие имаат најмногу придобивки. Топлата течност ги чисти дишните органи и помага при хидратација.

Зачини

Лековитите билки и зачините се едни од најконцентрираните извори на антиоксиданси, а многу од овие билки се познати по тоа што обезбедуваат антивирусни, антиинфламаторни и имунолошки својства. Побарајте повеќе начини да додадете билки и природни зачини во вашите омилени јадења и пијалоци (оригано, мајчина душица, магдонос, бибер, ловоров лист, босилек, ѓумбир, цимет, рузмарин, каранфилче ().

Боровинки

Истражувањата покажуваат дека боровинките имаат високо ниво на антиоксиданси кои се борат против болести. Овие мали бобинки содржат и кверцетин, флавоноид кој делува како антихистамин и антиинфламаторно средство и може да заштити од срцеви заболувања и рак.

Истражувачите веруваат дека антихистаминскиот ефект на кверцетинот исто така може да помогне во намалувањето на симптомите поврзани со алергија, вклучувајќи течење на носот и насолзени очи.

Обично нема свежи боровинки на пазарот во текот на зимата? Изберете замрзнати бидејќи хранливите материи може да се споредат со свежите.

Соберете ги или купете ги во текот на сезоната, па пакувајте ги во најлонски кеси или контејнери, добро затворете ги и чувајте ги во замрзнувач. Кога ви се потребни, извадете ги, одмрзнете ги и употребете ги.

Јогурт

Јогуртот содржи живи и активни култури, кои го надополнуваат нашиот имунолошки систем со здрави бактерии.

Покрај тоа, само една чаша јогурт богат со калциум обезбедува речиси 20% од дневните потреби за цинк, кој е суштински минерал за здрава функција на имунолошкиот систем.

Започнете го утрото со шолја јогурт или пробајте некоја од вкусните комбинации со јогурт со грицки или десерт. Ако нема јогурт, може да помогне кефирот и киселото млеко.

Покрај правилната и редовна исхрана, погрижете се да спиете доволно. Имунолошкиот систем и телото се опоравуваат со одмор и спиење.

Здравствените препораки се најмалку 7 часа сон во текот на ноќта, но 8 до 9 часа сон е уште подобро.