Премиерот Зоран Заев денеска и утре учествува на годинашниот Самит во Солун, кој е под покровителство на грчкиот претседател Прокопиус Павлопулос.

Заев, како што соопшти владината прес-служба, на самитот е поканет заедно со премиерите на Грција и на Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов за да учествува на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи“.

Самитот во Солун годинава се одржува по четврти пат а во соработка со Американско грчката стопанска комора.

фото за ВЕЧЕР: Motion Media