Едно лице настрада, осум се ранети во пукотница на голема забава во Калифорнија

69

Најмалку едно лице загина, а осум се повредени во пукотница што се случила во петокот вечерта на голема забава во јужниот дел на Калифорнија, соопшти денеска полицијата.

Полицијата од Сан Бернардино синоќа пронашла лице кое било убиено пред местото каде се одржувала забавата, во трговски центар, источно од Лос Анџелес, изјавил наредникот Екино Томас, пренесе АП.

Тој рече дека уште осум лица биле застрелани и примени во локалните болници, а повеќето од нив биле пренесени со сопствени возила.

Полицијата соопшти дека нивните повреди не се опасни по живот.

Томас рече дека досега никој не е уапсен ниту е идентификуван осомничениот за нападот.

Полицијата соопшти дека пукањето се случило по конфликт во преполната просторија каде се одржувала забавата, а изгледа дека жртвите не биле намерно застрелани.