Достапни се доволно резерви на вакцината Imvanex, против мајмунски сипаници за борба против актуелната епидемија, соопшти производителот. Bavarian Nordic е единствената компанија во светот чија вакцина против мајмунски сипаници е одобрена од регулаторите.

Во моментов е можно да се произведуваат 30 милиони дози годишно, изјави портпаролот Ролф Сас Соренсен.

Вирусот на мајмунски сипаници обично предизвикува благи симптоми како што се осип, треска и гнојници, но симптомите може да бидат и сериозни.

Седиштето на компанијата е во Данска и таму произведува вакцини, иако компанијата изворно е од Минхен.

Сепак, вакцината е одобрена само во САД, под називот Jynneos, како и во Канада.

Компанијата сака вакцината да биде одобрена во Европската унија, рече Соренсен, и презема чекори во таа насока.

Во Европа, вакцината е одобрена само за големите сипаници кај луѓето, кои се сметаат за искоренети, додаде Соренсен.

Вакцината на Bavarian Nordica против големите сипаници првично беше развиена во соработка со американската влада по нападот на Светскиот трговски центар во 2001 година, кога Вашингтон се плашеше од биолошки напад, кокј вклучуваше мали сипаници.

Тоа е многу безбедна вакцина која е тестирана на многу солидни податоци, рече Соренсен.