Европски парламент: Поддржана  резолуцијата за одложување на Брегзит

84

Европскиот парламент денеска ја поддржа предлог резолуцијата за Брегзит, со која се овозможува одложување на британското напуштање на Унијата, но се нагласува дека во случај договор да не се постигне, Британците и натаму ќе мора да ги почитуваат своите обврски кон ЕУ.

Европарламентарците со 544 гласови „за“ и 126 „против“ го поддржаа предлогот во кој стои дека во интерес и на Лондон и на Брисел е Брегзит да се спроведе на уреден начин, пренесува Хина.