Ракометарите на Еурофарм Пелистер, го претрпеа третиот пораз во четвртиот натпревар од Европската лига. Тие на гостувањето во Љубљана загубија од  Тримо Требње со 28:24 (14:12) и ги намалија шансите за пласман во елиминационата фаза на второто по квалитет европско натпреварување.

Во тимот на битолскиот тим најефикасен беше Мандалиниќ со пет гола, а кај Тримо Требње се истакнаа Сарак со четири и Поточник со пет гола. Прво име на натпреварот беше голманот на Тримо Требње, Александар Томиќ со 14 интервенции.

Фото: Е. Пелистер