Шведскиот атлетичар во скок со стап Арманд „Мондо“ Дуплантис, го урна 26 – години стариот рекорд на легендарниот Сергеј Бубка.

Дуплантис светскиот рекорд во скок со стап на отоврено го урна на митингот од Дијамантскта лига во Рим. Швеѓанецпт прескокна 6,15 метри и за еден сантиметар го урна рекордот на неприкосновениот Бубка (6,14 метри)

Во последните два месеци Дуплантис од 14 обиди секој пат беше се поблизу до уривање на рекордот, а на митингот во Рим  успеа да  го урнер рекрдон до кој многу атлетичари не можеа ниту да се доближат.

Дуплантис минатата година почна професионално да се занимава со дисциплината скок со стап и е многу млад, има само 20 – години.

Претходниот рекордер Бубка, овој рекорд го уриваше 17. пати во периодот меѓу 80 – те и 90 – те години.