Дупка од пола метар на ул„Перо Наков“ зјае како ламја да проголта некое тркало

479

Дупка на коловозот со големина од половина метар на улицата „Перо Наков“, кај влезот во МЗТ зјае како ламја спремна да проголта некое тркало на возило. Загрижени граѓани фотографијата ја објавија на Фејсбук од каде се гледа дека дупката во коловозот не е само опасност за возилата, туку и за велосипедистите.

 

– Ова е на „Перо Наков“, возиш точак по тротоар, навечер кога видливоста е доста слаба и тој што не знае налетува на дупка од 50 сантиметри, да да толкава е. И сега замислете што моше да се случи. Луѓе одговорни за граѓаните за градот, ова не смее да се случува – коментира Зоран Марковски. 

За утре е најавено дека дупката ќе биде санирана.

(С.Бл.)