Хрватскиот интернационалец Домагој Дувњак и Швеѓанецот Никлас Екберг, ја продолжија соработката со германскиот бундеслигаш Кил. Тие потпишаа договори кои ги обврзе да ги бранат боите на „зебрите“ до 2024 година. Клубот се пофали со одлично завршената работа пред натпреварот против Магдебург, кој тимот на Филип Јиха го загуби на домашен терен.

Хрватот игра во редовите на бундеслигашот од 2014 година, што значи дека на крајот од договорот ќе направи една деценија во клубот од северниот дел на Германија. Швеѓанецот, пак, има уште подолг стаж од него, за Кил потпиша во 2012 година и важи за жива легенда на клубот.