Драматично е во Германија: Струјата поскапи 157 отсто, цените на енергенсите скокнаа двојно

971

Според податоците на германскиот Завод за статистика, цените на енергенсите во април годинава во просек пораснале за 87,3 отсто во однос на истиот месец лани, а за 2,5 отсто во однос на март годинава.

Најголем скок има кај гасот, од дури 154,8%, при што термоелектраните на гас платиле 307% повеќе отколку во април минатата година, индустријата 260%, а трговците со гас 170.

Струјата е поскапа за 157,3% ако се погледне април 2021 и април оваа година.