Дојче Веле ја прекина соработката со јорданска телевизија поради антиизраелски и антисемитски содржини

52

Германската меѓународна медиумска куќа Дојче веле (ДВ) денеска објави дека ја прекинува соработката со јорданскиот партнер Роја ТВ поради антиизраелски и антисемитски содржини и карикатури на социјалните мрежи.

Во соопштението на ДВ се наведува е склучен договор за партнерство со Роја ТВ бидејќи телевизијата се занимавала со прашања како што се родовата еднаквост, малцинските права во Јордан и промоцијата на медиумската писменост на младите.

Високиот извршен директор на германската компанија Гидо Баумхауер истакна дека ќе мора да ја преиспита соработката бидејќи „делови од содржината објавена на социјалните мрежи на радиодифузерот дефинитивно не се во согласност со вредностите на ДВ“.

Дојче веле пред два дена суспендираше четворица вработени и еден хонорарен работник, додека истрагата за наводите дека изразувале антисемитски и антиизраелски ставови.

Германскиот медиумски сервис побара независна надворешна истрага, што ќе ја води поранешната германска министерка за правда Сабине Лојтројзер-Шнаренбергер и психологот Ахмад Мансур.

Израел и Јордан склучија мир во 1994 година и имаат блиски безбедносни врски. Изминатите години дипломатските односи беа тензини поради комплексот џамии Ал Акса во Ерусалим и израелското проширување на еврејските населби на окупираниот Западен Брег.