Претседателот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) Витолд Банко, предупреди дека и во време на пандемија на коронавирусот, никој нема да помине неказнето доколку користи недозволени средства.

-Тестирањата на допинг не се единственото оружје кое го имаме. На располагање ни се различни методи, како биолошките пасоши и уште некои други алати Иако моментно не сме во состојба да правиме контроли, спортистите се уште мора да ни даваат податоци каде се наоѓаат и што прват. ВАДА во овие тешки моменти ќе се погрижи спортот да остане чист, изјави Полјак.

Неговата реакција следеше откао во Русија и Канада објавија дека шрекинуваат со тестирањето, а во Велика Британија значително е намален бројот на допинг контроли.