Ентони Дејвис по подолга пауза поради повреда се врати на теренот, но тоа не и помогна на екипата на Лос Анџелес Лејкерс да избегне пораз од тимот на Далас (115:110). Творец на оваа победа беше Лука Дончиќ со 30 поени, а имаше и девет скока и осум асистенции.

Дејвис одигра само 16 минути во кои постигна четири поени, имаше и четири скокови и една асистенција.

Резултати: Бостон – Феникс 99:86, Милвоки – Филаделфија 124:117, Орландо – Њу Орлеанс 100:135, Сан Антонио – Детроит 106:91, Чикаго – Шарлот 108:91, Далас – ЛА Лејкерс 115:110.