Добрата страна на сланината

134

Најновите истражувања покажуваат дека сланината, доколку се консумира во умерени количини, е одлична за здравјето на луѓето, но и за одржување на линијата. Овие студии ги демантираа ставовите дека маснотијата е најголемиот непријател на човекот.

Пред да се најдете во дилема дали да ја одминете оваа вкусна храна, еве за што се е добра.

Маснотијата не е најголемиот човеков непријател

 Оваа храна не содржи јаглехидрати, туку само масти. Како што покажуваат истражувањата, не мастите предизвикуваат дебелина, туку јаглехидратите. Се препорачува диета со малку јаглени хидрати за одржување на телесната тежина. Често се истакнува погрешен факт, а тоа е дека јаглехидратите имаат најголема енергетска вредност.

 Сланината е полна со витамини од групата Б, кои се од витално значење за нашиот имунолошки систем и здравје. Содржи 65% од препорачаната дневна доза на тиамин (витамин Б1), 47% ниацин (витамин Б3), 38% витамин Б12 и 36% цинк.

Богата е со протеини

Протеините се клучен елемент во здравата исхрана, а за среќа, сланината е богата со протеини. Протеините се клучна состојка за одржување на високи нивоа на енергија во организмот, но и за зајакнување на косата, ноктите и кожата. 

Лесна е за приготвување

Идеална е за оние кои не сакаат да подготвуваат храна често, а уште помалку да подготвуваат оброк со часови. Ако сакате да јадете пржена сланина, можете дури и да ја печете во микробранова печка, но нема да погрешите ако само исечете пушена сланина без пржење.

Сланината не мора да биде само од  свинско месо

Иако сланината содржи солено и слатко, односно два вкуса кои се сосема различни, во овој случај совршено се мешаат и ја прават таа храна неодолива. Кога споменуваме сланина, прво помислуваме на свинско месо. Сепак, што е со луѓето кои не јадат свинско месо? Тоа не е никаков проблем. Земете мисирка сланина. Овој деликатес може да се добие од секаков вид животно. Верувале или не, има дури и сланина од патка!

Овозможува чувство на ситост

Содржи високо ниво на заситени масти, така што подолго ќе се чувствувате сити отколку ако сте јаделе само јаглехидрати.