До првата половина на декември ГЕС ќе добие лиценца

141

До крајот на ноември или првата половина на декември претпријатието Градски енергетски системи (ГЕС) ќе добие лиценца за дистрибуција на топлинска енергија во системот за централно греење во Градот, најави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

– Во тек е постапка за обезбедување на финансиска поддршка за работењето на  ГЕС, како еден од условите за добивање на лиценца. Во моментот кога ќе ги завршиме банкарските формалности ќе аплицираме во Регулаторната комисија за добивање на лиценца за за дистрибуција на топлинска енергија. Моите очекувања се дека до крајот на ноември, или  првата половина на декември, ГЕС да ја добие лиценцата  – изјави Шилегов.

(А.П.)