Крајот на годината е период кога вработените во многу компании ја имаат таа среќа да им биде исплатен бонус, кој некои фирми го нарекуваат 13-та плата.

Вработените во хјустонската компанија Хилкорп Енерџи (Hilcorp Energy Co.) во моментов се најсреќните луѓе во светот, бидејќи нивниот извршен директор им исплатил по 100.000 американски долари како годишен бонус.

Оваа компанија има 1.381 вработени, а бонус со вкупен износ од 138 милиони американски долари бил поделен на сите вработени, без разлика дали станува збор за вработен во менаџмент или практикант.

Инаку, „Хилкорп Енерџи“ е една од најпрофитабилните приватни нафтени компании во САД. Нејзин основач е Џеф Хилдербанд, кој зад себе има многу успешен деловен период, што е евидентно по ваквиот потег кон вработените.

Извори велат дека тој го направил овој потег откако го завршил профитабилниот петгодишен план што компанијата го претставила во 2010 година. Во 2010 година, неговите вработени исто така добиле голем бонус, а можеле да одберат помеѓу
35.000 долари во кеш или да одберат автомобил кој чинел до 50.000 долари.

Многу луѓе на социјалните мрежи прашуваат „каде да се пријават“за да се вработат во оваа компанија.