Шпански Хувентуд, за кој настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, забележа победа против белградски Партизан (85:82) во Еврокупот, иако пред крајот на последната четвртина, „црно-белите“ имаа солидна предност. Но, тимот од Бадалона, предводен од Рибас кој постигна 18 поени, и Димитријевиќ кој запиша по 14 поени, го трасираа патот на шпанската екипа до триумф во првото коло.

Евидентна беше добрата игра на Хувентуд во последната четвртина која ја добија со 24:11.