Со кошот на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на пет секунди до крајот на мечот, тимот на Валенсија славеше над МораБанк Андора со 76:75 за четврти триумф сезонава во шпанската АЦБ лига. Димитријевиќ го заврши натпреварот со 14 поени, шест скокови и две асистенции за 27 минути поминати на теренот.

За два дена, во среда (19 часот), Нено и Валенсија во рамки на Еврокупот му гостуваат на Будуќност во Црна Гора, тим за кој настапува уште еден наш репрезентативец, Џејкоб Вајли.