Дибала под знак прашалник

30

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, откри дека раководните лица сериозно размислуваат за продажба на аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала. Иако ја доби наградата за најдобар фудбалер во Серија А, крилниот напаѓач нема константна форма и често пати игра под очекуваното ниво. Неофицијално, шпанскиот гигант Реал (М) е подготвен да одвои 100 мил. евра за обештетувањето на Дибала.