Деца фолклорци ќе одиграат „Оро без граници“

113

Од 19 до 22 септември по 28 пат ќе се одржи најмасовниот и најстариот меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници 2019“ – симбол на пријателство меѓу децата.

– Во досегашново одржување на фестивалот, градот Скопје и нашата земја биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца фолклорци.        На фестивалот се поканети гости од Јагодина, Србија, потоа од Грција, Словачка и Турција, а покрај гостите од странство ќе учествуваат и македонски ансамбли – информираат од ДКЦ – Карпош. 

Според агендата, на 21 септември сите гости тргнувајќи од ДКЦ – Карпош го започнуваат фестивалското дефиле кое завршува на плоштад Македонија. Фестивалот ќе биде отворен со најпознатите македонски игри и ора кои ќе ги изведат членовите на играорната секција од ДКЦ – Карпош.

– Децата играорци преку шареноликоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе ја претстават традицијата и културата на својата земја и по 28 пат ќе формираат едно големо „Оро без граници“ – информираат до ДКЦ – Карпош.