Дефинирана цената на Неимар

141

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, откри дека клупските челници ја разгледауваат и опцијата за продажба на најголемата ѕвезда во нивниот тим, бразилскиот интернационалец Неимар.

Крилниот напаѓач пред три години се пресели на „Паркот на принцовите“ за рекордни 222 мил. евра, но неговиот поранешен клуб, Барселона, се обидува на секаков можен начин да го врати на „Ноу Камп“. Истиот извор тврди дека Неимар ќе биде продаден доколку понудата за неговите услуги не биде помала од 175 мил. евра.