Демирал само како позајмен

112

Турскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Мерих Демирал, е најновата желба на раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

Централниот дефанзивец не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона, но раководните лица на „старата дама“ ги одбија сите понуди кои беа наменети за неговите услуги. Челниците на популарните „топчии“ сакаат прво да го позајмат поранешниот фудбалер на Сасуоло, а потоа да преговараат за откуп на неговиот договор.