Британските медиуми се убедени дека англискиот премиерлигаш Њукасл ќе биде следната дестинација на францускиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Осман Дембеле. Репрезентативецот на Франција на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а преговорите околу новиот договор се во прекин затоа што раководните лица на Барса му нудат помала плата од таа која моментално ја заработува на „Ноу Камп“.