Делови од Сопиште и Илинден утре без струја

85

Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Илинден поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Како што информира Центарот за управување со кризи, од 8 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Сопиште и од 10 до 12 часот корисниците од село Добри Дол во општина Сопиште.

Корисниците од улица Даме Груев од бр. 2 до бр. 86 во населба Илинден (општина Илинден) без струја ќе останат од 9 до 15 часот.