Дела на Златко Крстевски во Полска

152

Со неколку слики масло на платно и со една скулптура-инсталација, уметникот и карикатурист Златко Крстевски учествува на меѓународна изложба во Полска.

Изложбата е насловена „Sztuka Drzewnej“ и е поместена во Центарот за современи уметности „Електровна“ во градот Радом. До 8 октомври делата на Крстевски ќе бидат меѓу делата на уметници од 12. меѓународен пленер „Garbatka Letnisko“ – творечка сликарска и скулпторска експресија.

Крстевски е добитник на повеќе меѓународни награди за сликарство – награден е во Србија, Романија, Турција, Тунис и во Русија.