Дел од улицата „Лондонска“ денеска без вода

77

Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците на дел од улица „Лондонска“, информираат од јавното претпријатие „Водовод и Канализација“.

Оттаму велат дека прекинот на водоснабдувањето е поради промена на шибер на улица „Лондонска“, кај раскрсницата со булевар „Партизански Одреди“, и ќе трае до завршувањето на промената.