Дел од општина Ѓорче Петров денеска без вода

85

Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат и дел од корисниците од улицата „Борис Сарафов“ и високата зона во населба Дексион.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради дефект на улица „Борис Сарафов“, бб во населба Ѓорче Петров.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Поради дефект на водоводната мрежа, без вода денеска од 10:30 часот се и корисниците во скопско Батинци.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато санација на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.