Дел од Кисела Вода утре без вода

98

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок на улица „Киро Крстевски“, број 30, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа улица, како и од улиците: „Марко Цепенков“, „Иван Козаров“, „Доситеј Обрадовиќ“, „Боте Ботевски“ и „Мишко Михајловски“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со активностите.