Дезинфициран  Домот за стари лица во Чаир

296

Општина Чаир го дезинфицираше Домот за стари лица.

– Сега, повеќе од било кога е моментот за грижа и внимание која треба да им се посвети на постарите лица, како нај изложени за зараза од корона вирусот – истакна градоначалникот Висар Ганиу.

Тој апелира да не фрлаат отпадоци и да се чува средината и одржувањето на хигиената за здравје и живот.

– Хигиена на ниво, подигната свест и еколошка средина, се токму тие работи кои во моментов ни се потребни – напиша Ганиу на Фејсбук и илустрираше чистење на улиците: „Благоја Паровиќ“ и „Никола Малешевски“.