Девојките, се издигнаа и покажаа дека можат да играат против најдобрите во светот

35

Селекторот на женската македонска кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов, е задоволен од изданието на своите избранички и покрај синоќешниот пораз од Германија.

Македонските кошаркарки одиграа одлично прво полувреме, со водство, па дури може да се каже неочекувано (35:27), егал резултат до крајот на третата четвртина, и само три постигнати поени во последната – која и го даде конечниот победник на дуелот во СРЦ „Кале“.

  • Најголема честитка ќе упатам до моите девојки кои се издигнаа и покажаа дека можат да играат против најдобрите во светот. Гледам голем квалитет во нашиот тим. Знам дека можат, можеби проблем е кратката ротација која не ни дозволува да играме во ист ритам во текот на сите 40 минути. Противниците се малку поподготвени бидејќи се навикнати да играат среда-сабота. Тоа се виде во последната четвртина кога ја загубивме силата и постигнавме три, а примивме 25 поени, изјави Ашаданов.

На крајот, резултатот 71:47 за Германија, не носи разочаруавње кај селекторот.

  • Сигурен сум дека во февруари ќе биде многу подобро, очекува Ашаданов за последниот квалификациски прозорец.

ФОТО: П.Стојановски