Сексапилната девојка на Лука Дончиќ, Анамарија Голтес, откри дека таа и нејзиното момче добиле „принова“ во семејството.

Иако сите помислија дека Анамарија забременила, сепак не се работи за такво нешто. Станува збор две кученца кои го зголемија семејството, а веднаш ги добија имињата Хуго и Гиа.

  • Сега сме четворица, напиша Анамарија со фотографија од Лука и домашните миленичиња.

Се чини дека на 20-годишниот Словенец сè му оди од рака. Игра на врвно ниво во НБА-игата, соборува многу рекорди, има преубава девојка и среќен живот.