Две балкански престолнини утрово меѓу петте најзагадени градови во светот!

581

Главниот град на БиХ, Сараево утрово бил трет најзагаден град во светот, зад Лахор во Пакистан и Делхи во Индија. Меѓу петте најзагадени градови според податоците објавени на сајтот “IQair” е уште една балканска метропола – Белград.

Индексот на загаденост на воздухот во Сараево утрово изнесувал 176, концентрацијата на ПМ2.5 честици за 17.8 пати поголема од прпораките на Светската здравствена организација.

Во Белград индексот на загаденост изнесува 170, со концентрација на ПМ2.5 честиците за 20 пати поголема од препораките на СЗО.

Најзагаден град во светот утрово бил Лахор во Пакиста, со индекс на загаденост 226, пред Делхи со индекс од 201.