Данскиот принц за одземањето на титулите на неговите деца: Не сфаќаат што се случува

2657

Данскиот принц Јоахим се огласи по одлуката на својата мајка, кралицата Маргарета втора, на неговите деца да им ги одземе кралските титули

„Добив известување пет дена претходно да им кажам на моите деца дека за Нова година ќе им биде одземен идентитетот. Многу, многу сум тажен бидејќи ги гледам како се вознемирени и не сфаќаат што им се случува. Сите сме многу тажни. Никогаш не е забавно да гледате како вашите деца се лошо третирани. Тие се наоѓаат во ситуација која не ја разбираат. Во мај ми беше претставен план кој во основа најави дека децата ќе останат без титули кога ќе наполнат 25 години“ – изјави принцот Јоахим за данските медиуми.

На прашање на новинарите како влијаела оваа одлука на неговиот однос со мајка му, принцот кратко рекол: „Мислам дека тоа не морам детално да го објаснам“.

За потсетување, на 1 јануари 2023 година, наследниците на данскиот принц Јоахим – принцот Николај, принцот Феликс и принцезата Атина веќе нема да бидат принцови и принцеза. Наместо тоа ќе ги користат титулите гроф и грофица од следната година нема да бидат „Нивни височеста“, туку „Нивни екселенции“. Данската кралица за одлуката рече дека тоа било во согласност со „другите кралски дворови“.

Тој потег нема да влијае на децаат од најстариот син на кралицата Маргарета, престолонаследникот Фредерик кој со сопругата, принцезата Мери има два сина и две ќерки.

Во соопштението од данскиот кралски дворец стои: „Одлуката на кралицата е во согласност со сличните приспособувања кои ги направија другите кралски дворови во последните години. Кралицата сака да стави рамка за четирите внуци за да може да ги формираат сопствените животи во многу поголема мерка без ограничувања со посебни обврски и должности кои ги вклучува формалната припадност на данската кралска куќа како институција“.

Сите внуци на кралицата ги задржуваат своите места во наследувањето.