Под знак прашање е организацијата на Европското првенство во ракомет за жени, кое треба да се одржи од трети до 20. декември во Норвешка и Данска. Првиот човек на Ракометната федерација на Данска, Пер Бертелсен, изјави дека натпреварувањето мора да има финансиска корист, што во превод значи дека Данска нема да организира натпреварување ако се игра без присувство на публика, што е многу веројатно со оглед на целата ситуација во светот со пандемијата од коронавирус.

Данците споменуваат и некаква финансиска гаранција, која ја очекуваат од Европската ракометна федерација (ЕХФ)

-Ако не добиеме финансиска гаранција, тогаш друга држава ќе ја преземе организацијата, некоја што ќе нема толку големи трошоци како што имаме ние, изјави Бертелсен.

Норвежаните претходно излегоа со предлог на играње на сите натпревари во еден град, но доколку ситуацијата не се промени во наредните два месеци, тешко е дека ќе биде прифатено и ваквото сценарио.