Дали Илон Маск е вонземјанин“? Секако!

2715

Милијардерот и основач на Тесла и “SpaceX”, Илон Маск е познат како скептик кога се во прашање сведоштвата на луѓе кои велат дека виделе вонземјани.

Во таа насока, на почетокот на неделата Маск преку Твитер секако, порача дека „Земјата не е рамна, туку дека е празна сфера и таму живее “Donkey King”, (Кралот Магаре).

Меѓу бројните коментари и допаѓања, следеше и прашање до Маск – дали е вонземјанин!

Тој одговори крајно едноставно, со  – „очигледно“, односно дека е „дојденец од вселената“

Тој одговор, секако, предизвика лавина од реакции на негова сметка.

Но, шегата настрана, Маск навистина би можел да стане вонземјанин ако успее да го реализира своето патување до Марс. Тој минатата година во едно интервју порача дека ќе слета на Марс во следните шест години и дека тоа ќе биде „една голема авантура“ и „една од највозбудливите работи што можат да му се случат некому, ако преживее“.