Дали затнатиот нос е симптом на Ковид-19?

442

Ако токму овој проблем ве мачи во последно време, откријте дали треба да бидете загрижени за тоа? Кога ќе поминат топлите денови, сите знаеме што веројатно ќе следи – затнат нос.

Оваа година, таа на сите добро позната појава, може да биде причина за загриженост, со оглед на пандемијата над Ковид-19. Факт е дека течење на носот и затнат нос се наведени како симптоми на коронавирус, според Центарот за контрола и превенција на болести, но тој не се смета за чест симптом, според д-р. Неха Вјас. Па, колку треба да бидеме загрижени ако ни тече носот, или пак, е затнат? Што треба да знаете, пренесува Ordinacija.hr.

Колку често се јавува како симптом на коронавирус?

Засега нема точен податок колку заразени луѓе го имаат и овој симптом, но Светската здравствена организација вели дека постојат. На самиот почеток на пандемијата, научниците објавија резултати кои тврдат дека 4,8% од пациентите во Кина го пријавиле и овој симптом. Бројката е многу помала од симптомите како висока телесна температура (87,9%), сува кашлица (67,7%) и умор (38,1%).

Како да препознаете дали станува збор за симптом на коронавирус?

Како и многу други симптоми на Ковид-19, затнатиот нос не е специфичен симптом, што значи дека може да се поврзе со бројни болести. Ова е особено важно да се знае во период на алергии, грип, но и обична настинка.

Всушност, единствениот начин да дознаете дали станува збор за коронавирус е да се тестирате, а таа одлука ќе зависи и од други симптоми, околности и мислења на лекари. Важно е да го контактирате својот доктор, освен ако имате и некои потешки симптоми кои бараат итен медицински преглед.

Д-р Вјас наведува дека ако дојде пациент со наведениот симптом, најпрво ќе провери дали тој има и други симптоми на коронавирус, покрај општата здравствена состојба.

„Важно е да не се донесуваат заклучоци без проверка, па така секој лекар да го испраша пациетот дали постојат и симптоми на алергија и дали ги има истите проблеми секоја година кога ќе настапи есента“, додава докторката.

Покрај тоа, и вашите животни навики играат голема улога. Ако ги игнорирате упатствата за одржување на дистанца, не носите маска или не миете раце, тестот за коронавирус би требало да биде следниот чекор, заклучува докторката. Сепак, ако сте од оние што ги следат препораките, вашиот лекар веројатно нема веднаш да ве советува да се тестирате на коронавирус.