Да се пријават оштетените дрва за да се отстранат

103

Екипите на јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007″ по повод вчерашното невреме проследено со силен ветар и дожд вршеа интервенции до доцна во ноќта и тоа на 6 локации на територија на Општина Гази Баба во населбите Автокоманда, Керамидница, Хиподром и Ченто.

За таа цел, од претпријатието апелираат до жителите на општина Гази Баба доколку забележат дрва кои што се оштетени од вчерашното невреме веднаш да пријават, со цел тие навреме да се отстранат.

По краткиот, но силен ветер вчеравечер паднати се дрва на неколку локации во Центар. Од Општината информираат дека екипите се на терен. И тие апелираат до граѓаните да пријават ако забележат паднато дрво на 195, а во случај на дожд и поплавување на бројот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“- 02 3073010.