Љубителите на кошарката не можат да не бидат задоволни од одличните партии кои српскиот центар Никола Јокиќ ги прикажува во силната НБА лига.

Јокиќ со години ги воодушевува сите во НБА лигата и не само што меѓу најдобрите играчи, туку е и таков лик што ги воодушевува сите во својот клуб Денвер Нагетс.

Поранешниот НБА играч Поп Џонс на почетокот на годината го зазема местото на позицијата шеф на стручниот штаб наместо заразениот Мајк Мелоун и доби можност да го води Јокиќ од клупата, што предизвика воодушевување кај него.

  • Никола е посебен. Тој е тип на момче со кое би ја омажил ќерка ми доколку ја имав. Би сакал ќерка ми да го донесе Никола Јокиќ дома и да ми каже: „Еј, тато, ова е човекот со кој сакам да се омажам. Знам дека би била во добри раце, изјави Џонс.

Инаку, како што и самиот кажа, Џонс нема ќерка, туку синовите Сет и Кејлеб, кои исто така професионално се занимаваат со спорт, но тие не се кошаркари, туку хокеари.

Но, истото не го мисли и првиот тренер на Денвер, Мајк Мелоун.

  • Го гледам како целина. Никола Јокиќ не е секси и нема такво нешто кај него. Неговата сопруга можеби не се согласува со мене, но работата е што тој не е секси за луѓето. Но, ако сте вистински љубител на кошарката и сакате кошарка што се игра на вистински начин, тогаш ќе го почитувате Никола, додаде Мелоун.

Српскиот ас оваа сезона блеска во дреост на Денвер и во просек бележи по 25.8 поени, што беше награден добивајќи милиони гласови за учеството на Ол-стар натпреварот.