Д-р Шеклер: Ковид пропусници ДА, но НЕ на овој начин!

614

Миланко Шеклер, виролог и микробиолог од Ветеринарно-специјалистичкиот институт во Краљево, вели дека тој бил за воведување ковид пропусници во Србија долго време, но не на овој начин, односно дека тие треба да важат 24 часа и за сите јавни собири. Додава дека казните мора да бидат драстични, бидејќи „нема друго решение“

„Разбирам дека тој што ја донел оваа мерка имал логика дека постепено ќе ја прави, но според мене секаде каде што се воведени ковид пропусници, се воведуваат како комплетни, односно и наутро и во 10 навечер треба да исполниш одредени услови за да бидеш во одреден објект. Според мене, ова ограничување ја намалува мојата проценка за тоа што ќе се случи. Знам и дека многу локали нема да работат после 22 часот за да не дојдат во непријатна ситуација да мора да ги бркаат од објектот они кои немаат пропусница. Според мое мислење, требаше да важат 24 часа“, вели д-р Шеклер.

Според докторот тоа е направено без јасна стратегија, и како што вели „ незадоволен е од оваа форма на ковид пропусница, и тоа не го видел никаде во светот“.

 

Започнува примена на ковид-пропусници во Србија: За непочитување на мерката казните се огромни