Грицкајте здраво: Чипс од банани

198

Секој сака одвреме навреме да грицне нешто, ама повеќето или веднаш почнува да ги гризе совеста, или се воздржуваат од страв тоа да не влијае штетно на нивната линија. Сепак, постои начин да се грицка здраво.

Чипсот од банани е многу вкусна, нискокалорична, а истовремено и здрава храна – одлична алтернатива на најразличните штетни избори за грицкање.

Овој чипс содржи големо количество магнезиум кој е од витално значење за нормална работа на срцето. Така што можете да го грицкате без да ве гризе совеста, туку и со голема корист за своето здравје.

Потребно e :

  • 3 банани
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол (или шеќер) по вкус

Приготвување:


Излупете ги и исечкајте ги бананите на тенки тркалца. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Зачинете ги па испрскајте ги со масло.
Печете ги 20-25 минути на 200 степени Целзиусови.

Чипсот од банани за три порции е готов.