Дрејмонд Грин е познат по својот „долг јазик“, кој сега го чинеше 50.000 долари.

Кошаркарот на Голден стејт е казнет од НБА-лигата затоа што коментираше на телевизија дека најдобриот играч во Феникс, Девин Букер, ќе мора да го промени тимот и да најде подобра екипа доколку сака да се бори за шампионскиот прстен.

  • Не е добро за него, не е добро за неговата кариера (што сè уште е во Феникс), истакна Грин како гостин во специјализираното НБА студио со Чарлс Баркли, па додаде: „Тој мора да си оди од Феникс. Мојот човек мора да оди во тим кој игра добра кошарка цело време, и каде ќе победува.