Легендарниот НБА тренер, Грег Попович, наскоро ќе ја заврши богатата кариера. Еден од најдобрите тренери на сите времиња и долгогодишен предводник на Сан Антонио откри дека сериозно размислува да стави крај на кариерата.

  • Секогаш по малку е чудно да се излезе на терен со екипа која повеќе ги нема играчите на кои се навикнав од минатите години, како на пример против Далас, а го нема Дирк Новицки. Тоа ме натера да размислам за пензија иако сум среќен што се уште сум дел од кошарката. Меѓутоа, наскоро нема да бидам, истакна Попович.