Граѓаните идниот месец  ќе се соочат со недостаток на обрасци за лични документи, лични карти, возачки дозволи и пасоши. Ова денеска го потврди и техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, кој изјави дека обрасци за патни исправи има до средината на февруари, како резултат на лошата анализа што била направена, а обрасците за патните исправи треба да стигнат кон крајот на март. Има  недостаток и на возачки дозволи и се уште не е пристигната новата пратка, а се очекува да пристигне кон  крајот на овој месец. Има недостаток и на образец А за пасоши, подвлече министерот Чулев, за што веднаш бил алармиран за овој проблем, испратил писмо до претседателот на германската компанија што е надлежна за дистрибуција и производство на овие лични документи до МВР.

 

Граѓаните идниот месец  ќе се соочат со недостаток на обрасци за лични документи, лични карти, возачки дозволи и пасоши. Ова денеска го потврди и техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, кој изјави дека обрасци за патни исправи има до средината на февруари, како резултат на лошата анализа што била направена, а обрасците за патните исправи треба да стигнат кон крајот на март.

– Во анализите не е предвидено дека ќе има во овој период побарувачка на лични документи од неколку причини. Прво имаме избори, второ истекот на 10 години на документите и трето за издавање лекови согласно регулативата не може да добиете лек без идентификација со личен доклумент, појасни министерот Чулев.

Тој информира дека се води постапка во внатрешна контрола на МВР и посочи дека се соочил и со проблемот со недостаток на обрасци за лични карти за што се чекало од 26 декември до 17 јануари за издавање на личните карти.

Информира дека имало недостаток и на возачки дозволи и се уште не е пристигната новата пратка, а се очекува да пристигне кон  крајот на овој месец. Има недостаток и на образец А за пасоши, подвлече министерот Чулев, за што веднаш бил алармиран за овој проблем, испратил писмо до претседателот на германската компанија што е надлежна за дистрибуција и производство на овие лични документи до МВР.

Инаку, Чулев денеска информира дека  од почетокот на декември до 25 – ти истиот месец во 2019 година донесени се 1.050 решенија, додека во последната седмица донесени се и изработени 1.198 решенија, некои за распоредување на пониски работни места, други за унапредување. Сето тоа се случувало, пред самото заминување на претходниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, без притоа да се почитува Законот за вантрешни работи и утврдениот систем за кариера. Со цел да се утврди фактичката состојба формирана е комисија, во која членувале претставници и на репрезентативниот и на независниот полициски синдикат. Комисијата ја разгледувала состојбата во периодот од 1 декември 2019 година заклучно со 3 јануари 2020 година, при што биле прегледани 1.750 решенија. Во изготвениот детален извештај комисијата констатирала дека во повеќе од 100 предмети се забележани отстапувања од доследна примена на Законот за внатрешни работи, колективниот договор и правилникот за начинот на спроведување на селекција при распоредување, како и унапредување и начинот на остварување на системот на кариера на работниците во МВР. Било утврдено и дека постојат поголем број решенија изготвени во периодот кога работниците биле отсутни од своите работни места, биле на боледување, платено или неплатено отсуство.

Според него, одговорноста за, како што наведе, ваквиот хаос, е во Оливер Спасовски и неговото политичко раководење со МВР.

– Цели четири милиони евра минатата година се одлеале од касата на МВР како резултат на судски постапки кои вработени ги воделе против МВР, најчесто поради неисплатени прекуивремени часови, бонус плати, незкоански прераспоредувања и незаконски откази, изјави Чулев.

Министерот Чулев најави дека ќе се преземаат активности за отстранување на незаконитостите за секое решение поединечно.Меѓу другото информира дека се изготвени решенија за распоредување во МВР на 130 лица од претходната УБК, кои не биле преземени од Агенцијата за национална безбедност, а примале плата на работно место во непостоечки правен субјект УБК.