Градоначалникот на Велес спаси мајка што сакала да скокне во Вардар

70

Велешкиот градоначалник Марко Колев, спаси жена која сакала да скокне во Вардар и да си го доземе животот, неможејќи да се носи со загубата на своето дете кое загинало во сообраќајка. 

Жена вчера се обидела да се самоубие на стариот мост во Велес.  За МКД.мк тој вели дека сосема случајно се нашол на мостот преку кој секој ден поминува враќајки се од работа, и ја видел жената како се качува на оградата и се обидува да скокне. Го запрел автомобилот и ја фатил во прегратка од зад грб во дел од секунда. Ја спасил и ја симнал од оградата.

„Јас не сум никаков херој. Го направив тоа што би го направил секој граѓанин во таква ситуација“, вели велешкиот градоначалникот Марко Колев.