Ракометната репрезентација на Србија, претрпе дебакл на последното Европско првенство, кое се одржа во јануари годинава во Австрија, Норвешка и Шведска. „Орлите“ беа елиминирани уште по одигрување на групната фаза, поточно претрепа три порази од Хрватска, Црна Вора и Белорусија, а тоа беше причината селкторот Ненад Перуничиќ да си поднесе оставка од функцијата.

Затоа челниците на Ракометната федерација на Србија тргнаа да бараат нов селектор, а по се изгледа дека новиот кормилар на рпрезентацијата ќе биде странец. Поточно сите потенцијални кандидати се Шпанци, провериени селектори кои веќе имаат одлични резултати во совето досие.

Прв пик за селектор на „орлите“ е Давид Дејвис, но не е исклучено ова место да му припадна и на поранешниот селектор на македонската репрезентација Раул Гонзалез. Преостанатите двајца кандидати се Антонио Карлос Ортега и Чави Сабате, млади но искусни стручњаци, а што е најважно добро го разбираат модерниот ракомет.

Сепак, кој од овие стручњаци ќе ја добие работата ќе се знае по направените разговори со сите од нив, поточно од нивните барања и дали истите ќе можат да бидат исполнети од првите луѓе на српскиот ракомет.