Голема акција за исклучување на диви приклучоци на вода

285

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ почна со спроведување  на акции за исклучување на диви приклучоци.

– Во последната спроведена акција диви приклучоци беа утврдени во Глумово, Шишево и Сарај и против сите иматели се поткренати прекршочни пријави -информираат од „Водовод и канализација“.

Дивите приклучоци се забранети со Законот за водоснадбување и се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината. За сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело.

Како што информираат од претпријатието, акциите се со цел заштита на системот за водоснабдување, како и на граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието.

– Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје. Апелираме до корисниците на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок, доколку за тоа имаат потреба – велат од „Водовод“.