Голем шумски пожар изби во текот на ноќта на грчкиот остров Икариа, а според грчките медиуми не претставува опасност за населените места, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, градоначалникот на островот побарал од жителите на четири населби да бидат подготвени за евентуална превентивна евакуација, меѓутоа такво нешто не било потребно.

Рано утрово беа дополнително засилени противпожарните сили и интервенираат 40 пожарникари со 10 возила, два пешадиски тима, два хеликоптери, два авиони, како и волонтери и цистерни од општината.