Центарот на Јута, Руди Гобер, е прогласен за дефанзивец на годината во НБА лигата. Тој го победи Бен Симонс во директниот дуел и по трети пат во кариерата дојде до оваа награда.

Французинот во просек бележеше по 14.3 поени, 13.5 скокови и 2.7 блокади по натпревар, а неговиот тим ја имаше четвртата најдобра одбрана во лигата.