Шпанската тенисерка Карла Суарес Наваро, објави дека конечно ја доби најтешката животна битка во кариерата, онаа со ракот. Наваро (32) лани во август ја почна терапијата отако ѝ беше соопштено дека го има Хоџкин типот на рак.

-Ова ми е најголемата победа во животот. Можам да објавам дека сум целосно здрава. Им благодарам на лекарите кои се грижеа за мене, објави Карла на „Инстаграм“.

Во тениската кариера ги победуваше и најголемите имиња во мината деценија, а најдобар ранкинг и беше шестото место на светската листа во 2016 година. Суарес Наваро има две ВТА-титули и на сите грен слем-турнири има пласман најмалку во четвртото коло. Но, таа не само што наскоро се враќа на теренот, туку и верува дека ќе може да се избори за место ов националниот тим за Олимписките игри во Токио.

Шпанката за својата болест дозна откако реши да направи многу тестови во Барселона, откако подолго време не се чувствуваше добор. Таа на почетокот од септември минатата година објави дека и следи шестмесечна хемотерапија, а сега објави и дека ја извојувала најтешката победа во животот.